Административен термин - категорија

раководство повеќе

мн. раководства
Вид збор: Именка, среден род
раководители, раководен колектив
Англиски: management Албански: udhëheqës

ракознак повеќе

мн. ракознаци
Вид збор: Именка, машки род
Скратен потпис или знак ставен од физичко лице како потпис или препознатлива форма на презимето.
Англиски: sign

ранг повеќе

мн. рангови
Вид збор: Именка, машки род
степен, чин, специјално звање
Англиски: rank Албански: rang
категорија, положба, достоинство, класа
Англиски: class Албански: rang, klasë

рапорт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Устен или писмен извештај до повисока инстанца; извештај за извршувањето на преземена обврска.
Англиски: report Албански: raport
Примери:
Прими рапорт.

расписка повеќе

мн. расписки
Вид збор: Именка, женски род
Белешка со потпис како потврда за нешто добиено.
Англиски: receipt
Примери:
Дај му расписка.

распореден повеќе

Види и: распореди (св.)
распоредени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) распореди
Англиски: scheduled
Примери:
Каде и кога ќе бидат распоредени овие државни службеници?

расформира повеќе

расформираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Растури, растура, прекрати, прекратува постоењето на нешто како организирана целина.
Англиски: disband
Примери:
Ја расформираа организацијата.

ревизор повеќе

мн. ревизори
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што прави ревизија на нешто.
Англиски: auditor Албански: revizor

ревизорски повеќе

ревизорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ревизор.
Англиски: auditing Албански: revizori
Примери:
Ревизорски извештај.

ревир повеќе

мн. ревири
Вид збор: Именка, машки род
подрачје, округ, предел
Англиски: territory Германски: Revier

регион повеќе

Види и: регија (ж.)
мн. региони
Вид збор: Именка, машки род
регија
Англиски: region Албански: rajon
Примери:
Шефовите на земјите од регионов.

регионализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Делење на покраини, на региони.
Англиски: regionalization

регистар повеќе

мн. регистри
Вид збор: Именка, машки род
Список, преглед на нешто, книга за записи.
Англиски: register Албански: regjistër

регистарски повеќе

регистарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регистар.

регистратор повеќе

мн. регистратори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го води регистарот во една установа.
Англиски: registrar Албански: regjistrator, regjistrues
Справа што самата автоматски регистрира.
Англиски: registrar Албански: regjistrator, regjistrues
Примери:
Сувопарен регистратор на настаните.

регистраторка повеќе

Види и: регистратор (м.)
мн. регистраторки
Вид збор: Именка, женски род
За жена регистратор.
Англиски: registrar

регистраторски повеќе

регистраторска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регистратор.
Примери:
Регистраторска служба.

регистратура повеќе

регистратурата
Вид збор: Именка, женски род
Оддел во установа каде што се врши регистрација.
Англиски: registry

регистрација повеќе

мн. регистрации
Вид збор: Именка, женски род
Запишување податоци во регистар.
Англиски: registration Албански: regjistrim
Запишување факти или појави заради статистика.
Англиски: registration Албански: regjistrim
Бројот на табличките на возилото или на превозното средство.
Англиски: license plate
Документ со кој се потврдува регистрацијата на превозното средство.
Англиски: license

регистрационен повеќе

регистрациона
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регистрација, кој служи за регистрација.
Примери:
Регистрациони податоци.

регула повеќе

мн. регули
Вид збор: Именка, женски род
правило, мерило, пропис, одредба
Англиски: rule

регулатор повеќе

мн. регулатори
Вид збор: Именка, машки род
Сила што внесува ред и правилност во одделна област.
Англиски: regulator Албански: rregullator
Примери:
Регулатор на односите.

регулација повеќе

(едн.) регулацијата
Вид збор: Именка, женски род
Уредување, средување, внесување определен ред.
Англиски: regulation Албански: rregullim, rregullacion

регулационен повеќе

регулациони
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на регулација.

резолуција повеќе

мн. резолуции
Вид збор: Именка, женски род
Заклучок на состанок, конгрес, собрание и сл.
Англиски: resolution Албански: rezolutë
Примери:
протестна резолуција

реис повеќе

мн. реиси
Вид збор: Именка, машки род
главар, старешина
Англиски: head Турски: reis Албански: udhëheqës, kryetar

реквизиција повеќе

мн. реквизиции
Вид збор: Именка, женски род
Присилно отуѓување со наплата или привремено одземање на имот на приватни лица или општествени организации од државни или воени власти.
Англиски: requisition Албански: rekuizim

реквизиционен повеќе

реквизициона
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реквизиција; кој служи за реквизиција.
Примери:
Реквизициона белешка.

реквизициски повеќе

Види и: реквизиционен (прид.)
реквизициска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реквизиција.

реквирира повеќе

реквирираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува реквизиција на нешто.
Англиски: require

реонизација повеќе

реонизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Поделба на реони.
Англиски: partitioning
Примери:
Старата реонизација на градот.

реонира повеќе

реонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раздели, разделува на реони.
Англиски: partition

реонирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Поделба на реони.

реонски повеќе

реонска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реон.
Примери:
Реонски комитет.

реорганизатор повеќе

мн. реорганизатори
Вид збор: Именка, машки род
Човек што спроведува реорганизација.
Англиски: reorganizer

реорганизација повеќе

реорганизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Повторна организација, преустројство.
Англиски: reorganization
Примери:
Реорганизација на земјоделството.

реорганизациски повеќе

реорганизацискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на реорганизатор и на реорганизација.
Англиски: reorganizational

реорганизира повеќе

реорганизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на реорганизација.
Англиски: reorganize

ресор повеќе

мн. ресори
Вид збор: Именка, машки род
Струка, област на работа, делокруг, надлежност.
Англиски: department

ресорен повеќе

Види и: ресорски (прид.)
ресорни
Вид збор: Придавка
ресорски

ресорски повеќе

ресорска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ресор.
Англиски: departmental

референт повеќе

мн. референти
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што се јавува како известител, советник по определено прашање.
Англиски: official Албански: referent
Службеник задолжен за обработка на акти од некое подрачје.
Англиски: official Албански: referent

рецепис повеќе

мн. рецеписи
Вид збор: Именка, машки род
Признаница за предадена работа, писмо и сл.
Англиски: receipt

решение повеќе

мн. решенија
Вид збор: Именка, среден род
писмена одлука
Англиски: decision Албански: vendim

родовница повеќе

мн. родовници
Вид збор: Именка, женски род
Матична служба, книга во која се води евиденција за потеклото и селекцијата на животните.
Англиски: pedigree

рок повеќе

Види и: срок (м.)
мн. рокови
Вид збор: Именка, машки род
Крајниот дел од некој период, дел од времето кога нешто достасува да се изврши, да се направи.
Англиски: deadline Албански: afat, kohë

ротација повеќе

мн. ротации
Вид збор: Именка, женски род
Наизменично, последователно менување положба, на функција, измена, смена и сл.
Англиски: rotation Албански: qarkullim
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш